ЛП: Груевски не треба да го менува форматот на преговорите

Од:

Либералната партија изрази разочарување од најавениот предлог на премиерот Никола Груевски за промена на форматот на преговорите за името, кој го најави во својот говор на 2 август на Мечкин Камен.

„Потсетуваме дека тоа не е нов предлог. Таков обид направи државното раководство при крајот на 1992 и првите месеци од 1993 година, но Грција не го прифати. Сметаме дека самото отворање на прашањето на форматот на преговорите ќе и даде можност на Грција да ги врати работите сосем назад и наместо „преговарање“ одново да наметне „разговарање“. Веројатно на сите ни е јасно дека ова може да и овозможи огромна комоција на грчката страна за временски неограничено развлекување на овој проблем“, стои во соопштението.

ЛП истакнува дека е задоволна што Груевски прифаќа дека Привремената спогодба за Македонија е исклучително добар и корисен документ и смета дека таа навистина може да биде основа за менување дури и на форматот на преговорите. Но, како што наведуваат либералите, бидејќи и за таков предлог е потребна претходна согласност на двете страни, самата иницијатива на Грција и отвора маневарски простор само за претходната согласност за форматот на преговорите да се расправа со години, а спорот да остане нерешен.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска