А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

by А1он04/01/2019 - 10:041001
Share0

„Либералната партија повторно прашува дали е спроведена истрага за промашувањето (несовпаѓањето на проектираната и изведената траса) на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид и каков е нејзиниот тек.

Добивај вести на вибер

ЛП пред 18 месеци бараше надлежните органи да направат темелна истрага врз геодетските и геолошки компании заради нестручност и грешки во проектната документација, надзорниот орган кој ја дозволил изградбата врз погрешена проектна документација, градежната компанија и нејзините македонски подизведувачи поради употребата на лошите градежни материјали. Исто така баравме да се утврдат и санкционираат одговорните поединци, органи и фирми за грешките во овој проект кој државата ја чини 579 милиони евра, а поради ваквите неприфатливи грешки за светот во XXI век, уште дополнителни 160 милиони евра:

– и по ЗКП (со казна затвор),

– и со имот и средства во висина на штетата која е направена,

– како и со трајно одземање на лиценците за работа во ваков тип на дејност.

Со новите 160 милиони евра издвоени од даночните обврзници за довршување на овие делници, без санкционирање на сите одговорни во овој проект (досега не е санкциониран никој), продолжува периодот на неказнивост карактеристичен за периодот на груевизмот“, се вели во соопштението на Либералната партија.

lp

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска22/03/2019 - 09:38

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска23/01/2019 - 11:04

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска15/11/2018 - 09:30

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска14/11/2018 - 09:4014/11/2018 - 16:46

ЛП: Осуда за убиството на Никола Саздовски

Ана Ололовска10/07/2018 - 13:15

ЛП: Македонската страна ни приближно не обезбедила рамноправен статус во разговорите со Грција

Ана Ололовска14/05/2018 - 14:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен