ЛП: Брзите избори се теснопартиска калкулација, наместо решение за кризата

Од:

На синоќешната седница, Централниот комитет утврди Позиции за решенија на политичката криза, во кои Либералната партија го поздравува враќањето на Собранието во функција и бара поништување на аболицијата од страна на Иванов.

Либералната партија ги поддржува протестите на граѓаните како легитимна одбрана на владеењето на правото и темелните уставни и европски вредности во Македонија. ЛП во огромен дел се согласува со барањата и оценките на #Протестирам и невладините организации квалификувани за евалуација на изборите и изборниот процес. Оттука, партијата е на располагање за поддршка на ставовите и проценките споделени со граѓанскиот сектор.

„Се повикуваат членовите на Либералната партија да учествуваат на граѓанските протести по сопствено убедување, без партиски обележја, кога истите се организирани од граѓанските движења. Според ЛП, било која форма на партиско преземање на протестите е контрапродуктивно за декларираната цел.

Либералната партија цени дека ангажманот на граѓанските движења низ протестите, како и на некои партии надвор од пржинските потписници, легитимира нивно вклучување во процесот. Според ЛП, форматот на тековните преговори е надминат, а Пржинскиот договор е оштетен.

Недостатокот од прочистен избирачки список и од суштински медиумски реформи, спречува било какво преговарање за датум за (брзи) избори. За ЛП, тие повеќе се теснопартиска калкулација и вовед во нова криза, отколку решение. Локалните избори не може и не смее да бидат поправен испит за промашени „брзи избори“ ниту во партиска, ниту во системска смисла.

Либералната партија ја реафирмира оценката дека само концентрациска (широка, транзициска, експертска…) Влада со основна програмска рамка заснована на Извештајот на Прибе може да ги оспособи институциите за владеење на правото, демократски избори и санирање на тековните проблеми.

ЛП се согласува со оценката дека Влада предводена од поранешниот премиер Груевски и неговите први соработници не може да спроведе потребни реформи. Затоа, концептот треба да се заснова на отстранување на Груевски и неговите соработници од Владата. Со тоа ќе и се помогне на Македонија, а ќе се создадат можности и ВМРО-ДПМНЕ да делува како партија со европска ориентација. Либералната партија прифаќа дека едно од решенијата може да биде и спречување на учество во политичкиот живот и во власта (законодавна, извршна, судска…) на лицата за кои Иванов потпишал аболиција.

ЛП го поддржува работењето на Специјалното јавно обвинителство, како влог во ревитализацијата на правосудството и справувањето со корупцијата и злоупотребата на власта.

Либералната партија го осудува полицискиот прогон на учесниците во протестите, бидејќи со тоа полицијата станува само еднопартиски инструмент“, стои во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска