Лозановска: Национален и стратешки интерес е да се слуша гласот на народот, а не гласот на Артан Груби

Од:

„Денес зборуваме за предлог на закон за измени и дополнување на Законот за работни односи по скратена постапка во кој закон се менуваат некои членови кои што се однесуваат на местото и начинот на исплата на платата на работниците кои што работат на проекти од национален и стратешки интерес, прекувремената работа, работа во недела. Во изминатите неколку денови сведоци сме на како Владата по брза постапка без дебата во Собранието носи закони спротивни на голем број начела и уставни одредби. Ваквото носење на законски измени по скратена постапка со европско знаменце е насилна, криминал кој Владата го прави“, истакна Олга Лозановска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Лозановска додаде дека стратешки и национален интерес е да се зачуваат добрата на државата, шумите, плодното земјиште, езерата, а не да се уништуваат.

„За каков национален интерес зборувате, кога се откажавте од историското наследство на македонскиот народ“, запраша пратеничката.

Таа посочи дека национален и стратешки интерес е и да се слуша гласот на народот, а не гласот на Артан Груби.

„Иако беше потенцирано од претставништвото на ЕУ во Македонија дека државата е должна да го почитува договорот за стабилизација и асоцијација што со други зборови значи овозможување на конкуренција и транспарентност на процесот, Владата тоа не го прави. Законот за работни односи е противуставен, Уставниот суд цитирам донесе одлука за укинување на оспорениот член бидејќи е во спротивност со темелната вредност владеење на правото предвидена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор односно дека е во спротивност со членот 32 став 4 од Уставот, се наведува во соопштението на Уставниот суд. Таквата одлука на Уставниот суд е конечна“, потенцираше Лозановска.

Пратеничката запраша дали непочитувањето на одлуката на Уставниот суд не е кривично дело.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски