Ловџии повторно печеле колбаси и предизвикале пожар во Тиквешко

Од:

Ловџии повторно како и пред неколку дена, предизвикале пожар во Тиквешко, откако не го изгаснале добро огинот на кој печеле колбаси.

​Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата на Македонски шуми во Кавадарци потврди дека несовесни ловџии повторно предизвикале пожар.

​- Се сомневаме во ловџии бидејќи во ова време на годината тие најмногу може да се сретнат во делот каде што е настанат пожарот. Се работи за месноста Галишки ливади, меѓу селата Ќесендре и Галиште, рече тој.

Според него, огромен дим бил забележан уште во неделата попладне околу 13.30 часот. Екипа  од 15 луѓе на подружницата вчера ги гаснела пламените јазици до 17 часот попладне кога пожарот бил локализиран, но сепак и денес работниците биле на терен за да извршат увид во состојбата на терен.

​- Пожарот избувнал во високостеблеста букова шума.Зафатил поголема површина од околу 10 хектари. За среќа изгоре само горниот дел од веќе паднатите лисја во шумата. Сепак направена е материјална штета во работењето на претпријатието бидејќи при гаснењето се неопходни финансиски средства за движење на возила и за дневници на работниците кои работат на гаснењето на пожарот, изјави Ристовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огнот го уништува грчкото одморалиште, наредена евакуација

Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума

Голем пожар во атарот на селото Ваксинце, во близина на складот за гориво Мак-Петрол

Горан Наумовски

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он

Пожарот кај валандовско Грчиште е активен, повредени се двајца вработени во „Македонски шуми“

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија