Лоренс Оер: Политичкиот дијалог во државата мора да продолжи

Од:

Француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер денеска во Битола изјави дека својата дипломатска активност ја почнува во комплициран момент за државата. Порача дека  политичкиот дијалог мора да продолжи и дека тоа е еден од ангажманите на дипломатскиот кор во Република Македонија.

– Доаѓам во еден многу комплициран момент, кога политичкиот дијалог се прекина и тој мора да продолжи. Политичкиот дијалог мора да продолжи за државата да може да се презентира пред Европскиот совет кој ќе заседава во јуни. За мене и моите колеги од европските земји е постојана грижа и заедничка задача да го вратиме политичкиот дијалог и тој да продолжи во позитивна насока, рече Оер, одговорајќи на новинарско прашање.

Таа денеска ги посети Универзитетот во Битола „Св.Климент Охридски“ и локалната самоуправа и искажа задоволство што нејзината прва функција амбасадор ја почнува во Република Македонија.

– Среќна сум што мојата прва функција амбасадор на Франција ја почнувам во земја кандидат за прием во Европската унија и верувам дека во наредните три години ќе имаме многу работи што можеме да ги направиме. Доаѓам во држава што е многу гостољубива и која во себе има многу адути, истакна Оер.

Новонаименуваната амбасадорка на Франција Оер и амбасадорката на Германија Гурдун Штајнакер вечер во Битола ќе ја отворат изложбата „Де Гол – Аденауер: градители на француско-германското пријателство“, посветена на јубилејот 50 години од Елисејскиот договор.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија