Локвенец: Срамота е еден премиер фамилијата да ми ја меша за ситни политички поени

Од:

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на Сојузот за иднината, Хари Локвенец се обрати пред прилепчани на митингот каде рече дека се победници на локалните избори во недела.

Ова е вистинскиот Прилеп, собрани тука без страв јасно да им кажеме, готови сте. На 24, Прилеп ќе гласа за бројот 42 и доста ни е од нив, се покажаа како неспособни и лоши, од нив видовме само пустош и сиромаштија, рече тој.

На 24 март ќе видат што е херојски народ и народ што мисли со своја глава, народ што Прилеп во срцето го носи. За 4 дена доаѓа нивниот крај. И тие го знаат тоа, затоа што Груевски се извини, а тие до таму дошле, фамилијата да ја навредуваат, срамота е еден премиер фамилијата да ја чепка за ситни политички поени. Правдата е на нашата страна, народот е на нашата страна, во недела победуваме, додаде Локвенец.

Мене ме интересира дали Маријан Ристески ќе се извини на прилепчани за навредите од ДУИ, за проневерените пари. Затоа им порачувам достоинтвено да си ги одработат овие последни денови, затоа што од 25. март општината на чело со мене нема веќе да биде арачлија, со мене општината ќе биде сојузник на малото стопанство…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија