Локвенец: Можат да бегаат од Комисија ама не и од одговорност за прислушувањето

Од:

Хари Локвенец, претседател на Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, изјави дека денеска министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, не дошол на седницата на Комисијата во термин којшто самиот го предложи.

– Министерот Чавков требаше пред Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање да го објасни Акцискиот план на Владата во делот на МВР-како ќе се надминат забелешките наведени од европската експертска група предводени од Прибе. Требаше да ги слушне сугестиите од Комисијата. Непојавувањето на министерот Чавков покажува колку се МВР и Владата несериозни околу надминување на проблемите нотирани од Прибе. Да потсетам, ова се обврски што ќе влијаат на Извештајот на ЕК за напредокот на Р.Македонија. Непојавувањето покажува дека владата и Чавков се плашат од јавна дебата, затоа и пишуваат документи договорени по кабинети, што потоа самите не ги почитуваат – рече Локвенец.

Тој додаде дека очигледно Чавков и Владата бегаат од соочување со прашањето за нелегалното прислушување, посочено во Извештајот на Прибе, дека е дело на домашните служби во УБК.

– Чавков и Владата може да бегаат од комисиска расправа но од одговорноста за незаконското прислушување нема да можат да избегаат, за што е формирано и надлежно Специјалното јавно обвинителство – потсети тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски