(ВИДЕО) Локвенец: АРМ издава весник на албански, уредник е Јолевски

Од:

Армијата на Република Македонија изадава весник на албански јазик чиј главен уредник е токму министерот Јолевски, рече пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

Тој кажа дека во весникот MBUROJA кој во превод значи Штит, има текст за војниците во 1941. година, додека ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека некој друг зборувал за геноцид.

– Уредник на весникот MBUROJA е вашиот министер Јолевски. Дали вашите гласачи го знаеа тоа?, рече Локвенец.

Тој повторно го потсети претседавачот Трајко Вељаноски дека го крши Член 72 став 2 од Деловникот на Собранието и со тоа дозволува ноторни лаги и конструкции.

– Дозволувате да се замајува јавноста. Тоа го правите 12 години, не само овие месеци. Во 2012. година не дозволивте да сме опозиција, во 2017. година не дозволувате да сме власт, рече Локвенец.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба