Локалните избори во октомври?

Од:

Денеска е последниот ден за градоначалниците и советниците. И бидејќи кај нас има колку експерти толку ставови, никому не му е сосема јасно како од утре ќе функционира локалната самоуправа, која е надлежна за многу секојдневни барања и потреби на граѓаните.

И додека се тераше „високата“ политика и се опструираше избор на претседател, собраниски комисии, додека Ѓорге Иванов си поставуваше несфатливи и незаконски услови и желби кому ќе му го даде мандатот, не се ни помислуваше дека ќе дојде денот кога општините ќе се најдат во оваа состојба.

ВМРО-ДПМНЕ е заинтересирана да се одржат што е можно поскоро локални избори без формирање Влада, бидејќи речиси 90 проценти од градоначалниците доѓаат од нивните редови.

Очигледен е интересот оваа техничка Влада да ги спроведе локалните избори, а во бомбите чувме на каков начин и со кои методи ВМРО-ДПМНЕ се служи кога прави избори.

За опозицијата она што е неопходно за Република Македонија е формирање на Влада, а потоа и измени во Изборниот законик со кој ќе се надмине проблемот со продолжување на мандатот на градоначалниците и Советите.

Новата реформска Влада ќе ги превземе сите чекори и ќе организира фер и демократски локални избори. ВМРО-ДПМНЕ лицитираше со датумот на локалните избори и нудеше термини од јули до октомври.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека е можно локалните избори да се одржат наесен.

Според градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, најоптимален рок за локалната изборна трка би бил месец октомври.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Скопските градоначалници најавија кривична пријава за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена

Скопскиот плански регион: Град Скопје да размисли општините сами да ја одржуваат комуналната хигиена

Орце Костов

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска