Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините

Од:

Синоптичарите за денеска најавуваат слаби локални врнежи од дожд на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира дека викендов на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.

В понеделник и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег.

– Од денеска до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање, најави УХМР.

Би можело да ве интересира

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен

Сонце, малку ветер и температури до 18 степени

Облачно, локален дожд и температури до 16 степени

Сончево и топло со температура до 20 степени

А1он