Локализирани пожарите во општините Зајас и Македонски Брод

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување денеска соопшти дека пожарите во општина Зајас и Македонски Брод се локализирани.

Локализиран е пожарот меѓу селата Зајас и Горно Строгомиште каде беа опожарени два хектара борова шума. Во гасењето ангажирани биле 40 лица од Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна бригада, АРМ, Македонски шуми и доброволци.

Пожарот кај местото викано Баба во атарот на селото Слатина во општина Македонски брод каде беше опожарена површина со сува трева и ниско стеблеста шума исто така е локализиран. На терен се ангажирани пет лица од „Македонски шуми“. Локализиран е и пожарот кај местото викано Видуш во атарот на селото Девич и Локвица.

– Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност. Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и се подготвени во секој момент доколку има потреба да ангажираат тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија