Локализирани 70 проценти од пожарот кај Љубин, интервенира и авион на Дирекцијата за заштита и спасување

Од:

Локализирани се 70 проценти од пожарот кај скопското село Љубин, што избувна на потегот кон село Рашче во Општина Сарај, а во неговото гаснење е вклучен и авион на Дирекцијата за заштита и спасување.

Со пожарот е зафатена голема површина со сува трева и борова шума.

– Кај што можеа да влезат противпожарните екипи, на некои места тоа изгледаше и невозмошно, се интервенираше и тој е локализиран. Останува уште еден дел непристапен за нас, а за кој се вклучи и авион од ДЗС којшто веќе интервенира, изјави Владимир Симоновски, командир на Противпожарната единица на град Скопје.

По избувнувањето на пожарот на терен интервенираат пет возила и 25 пожарникари од Противпожарната единица на град Скопје.

Оттаму апелират до граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.

Во скопско и вчера имаше пожар, во шумскиот реон над населбата Пинтија со него беше зафатена поголема површина мешана шума.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче