Локализиран пожарот во близина на железничката пруга во Кисела Вода

Од:

оклизиран е пожарот во близина на железничка станица и автобуската станица во Скопје, каде гореше запалена сува трева меѓу праговите на железничката пруга. Пожарот е на отворено, зад СУГС „Димитар Влахов“ во Скопје, соопшти Центарот за упрвување со кризи (ЦУК).

– Службите се на терен, Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ), полицијата и жителите од куќите во тој дел, информира ЦУК.

Бригада за противпожарна заштита (БППЗ) денеска интервенирала и поради запалено ѓубре и сува трева на Качанички Пат кај Визбегово.

Пет пожарникари со две противпожарни возила денеска, од 12:00 часот, интервенираат на пожар на неутврдена површина во атарот на селата Соње и Добри Дол, во Општина Сопиште. Со пожарот е зафатена ниска вегетација, а од ЦУК нагласуваат дека во моментов ситуацијата е под контрола.

Од ЦУК информираат дека пожарите се гаснат од воздух и од земја.

Би можело да ве интересира

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола

Нема активни пожари, а еден е под контрола – кај село Белица и Јасен

Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он