А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Локализиран пожарот во близина на патотот Штип-Радовиш

by А1он05/08/2013 - 14:33133
Share0

Со брза интервенција на Противпожарната единица-Штип локализиран е пожарот што утрово избувна во лакавичкиот регион во близина на патотот Штип-Радовиш.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пожарот зафати три викендици, ниско стеблеста шума, трла, и други стопански објекти, во тој регион.  Брзата интервенција на пожарникарите спречи огнената стихија да се прошири и на околните викенд куќи и да предизвика поголема материјална штета.

– Со наша брза интервенција пожарот е локализиран, спасени се викендиците. Причината за пожарот според мое лично мислење е човечки фактор. Не може да се запали од стакло или од било што друго, појасни Кирчо Патраклиев, командир на Противпожарната единица-Штип. Пожарот е локализиран.

Митко Павлов, сопственик на викендичка вели дека пожарот почнал околу 5 часот рано утринава, а откако излегол надвор забележал густ чад, кој се издигал од околните објекти.

– Веднаш дотрчав и јавив на пожарната. Имаше ветер и брзо се ширеше. Дојдоа пожарникарите, гаснеа, има неколку вили зафатен, рече Павлов.

Во текот на летната сезона пожарникарите интервенирале на 12 пожари, а во светиниколскиот регион синоќа изгорела фарма за свињи и сточна храна.

Следете a1on на Youtube YouTube
pozar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он28/09/2026 - 09:26

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он22/09/2026 - 18:59

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 10:04

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски11/09/2026 - 13:5511/09/2026 - 13:57

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски11/09/2026 - 09:5511/09/2026 - 09:57

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео