А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Локализиран пожарот над селото Октиси

by А1он05/08/2013 - 10:17136
Share0

Целосно е локализиран пожарот што вчера попладне избувна над струшкото село Октиси, на планината Јабланица.

Следете a1on на Instagram Instagram

Командирот на Територијалната противпожарна единица во Струга, Урим Каба, изјави дека опожарени биле околу четири хектари смреки и сува трева.

– Постоеше опасност огнените јазици да ги зафатат и куќите, каде ден претходно имавме состанок со месното население, ги едуциравме како да се заштитат од пожари, рече Каба.

Во гасењето учествувало едно противпожарно возило со шест пожарникари, а помогнало и месното население. Првично, како што истакна Каба, пожарот е подметнат намерно, бидејќи во непосредна близина имало депонија на селото Октиси, која била запалена.

Поради непристапноста на теренот и интензитетот на ширење на пожарот, Каба посочи дека побарале помош од Јавното претпријатие за стопанисување со шумски површини „Јабланица“ од каде биле одбиени.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ние како Територијална противпожарна единица законски сме обврзани да го известиме ЈП „Јабланица“ и во телефонски раговор директорот  ни посочи дека тие нема да излезат на гасење со образложение дека се плашеле да не им се повредат работниците. Според Законот за пожарникарство во гасењето пожар на шумски површини учествуваат и прво на терен излегуваат шумските претпријатија и тие раководат со гасењето на пожарот, појасни Каба.

За само два дена Струшките пожарникари имале седум интервенции за гасење опожарени стрништа, од кои постоела опасност да бидат зафатени индустриски и станбени објекти. 

pozar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

Горан Наумовски18/10/2026 - 07:44

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Горан Наумовски17/10/2026 - 20:03

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Горан Наумовски12/10/2026 - 08:32

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он05/10/2026 - 10:4205/10/2026 - 11:09

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Предраг Петровиќ29/09/2026 - 16:46

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он28/09/2026 - 09:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео