Локализиран пожарот меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци

Од:

Пожарот во планските ридови помеѓу беровските села Будинарци и Митрашинци е локализиран попладнево во 17 часот, информира вечерва Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

– Тимовите и сите други учесници се вратени во базите, а остануваат дежурни екипи од Шумското стопанство „Малешево” – Берово. Во текот на утрешниот ден ќе се направи контрола на теренот, објави ДЗС на својот профил на Фејсбук.

Во објавата се посочува дека во текот на денешниот ден пожарите ги гасеа тимови од ПОЗС Берово, Валандово и Куманово.

– Тимот од Свети Николе со пумпи беа ангажирани за полнење со вода базенот за полицискиот хеликоптер. Ер Тракторот денеска дејствуваше на неколку наврати до целосно локализирање на пожарот, наведуваа од ДЗС.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице