Локализиран пожарот кај Делогожда, се работи на целосно гасење

Од:

Локализиран е пожарот што вчера зафати голема површина нискостеблеста шума на планината Караорман, во близина на Струшкото село Делогожда.

Поради непристапноста на теренот, кој е висок и стрмен екипите не Територијалната против-пожарна единица од Струга не можеле да интервенираат, а на негово локализирање и целосно гасење работат екипи на Шумското претпријатие.

Поради силината на огнот и ветерот кој што дуваше синоќа, постоела можност за ширење на пожарот кон селото Поум.

Екипите на Струшката пожарна, како што информира за МИА заменик командирот Ристе Талевски, утрово интервенирала на два пожара во селата Боровец и Лабуништа.

-Уште еднаш ќе упатам апел до населението да не пали оган на отворено, кој што лесно може да излезе од контрола и да предизвика несакани последици, изјави Талевски.

Полицијата најави зајакнати мерки за превенција од пожари и санкции за лицата што ќе предизвикаат пожар.

Би можело да ве интересира

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он