А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Локализиран и ставен под контрола пожарот кај Крушино

by А1он26/08/2013 - 10:2726/08/2013 - 10:27194
Share0

Во Кичево пожарот што изби над населбата Иванидол, во близина на излетничкото место Крушино, уште во 15 часот и 30 минути во сабота попладне, утрово е локализиран и целосно ставен под контрола.

Следете a1on на Instagram Instagram

Овој пожар зафатил околу 50 хектари претежно борова шума. Во гаснењето учествувале и се уште учествуваат авион на Дирекцијата за заштита и спасување и два хеликоптери на АРМ, покрај нив во гаснењето учествуваа и припадници на Противпожарната единица Кичево, шумското стопанство „Лопушник – Кичево“ и секако припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Во гаснењето се вклучија и припадници од месното население и тоа многу активно.

На обиколка на опожареното место вчера и завчера постојано присутни биле и заменик-министерот за локална самоуправа Ѓорѓија Стајкоски, градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари, како и претседателот на Советот на Општината.
Во моментов пожарот е под контрола и дејствува само еден авион на Дирекцијата за заштита и спасување. Се очекува набрзо повторно да се вклучат и двата хеликоптери на АРМ, но битно е дека пожарот е под контрола и нема опасност за населението и објектите во близина на опожареното место. Мала активност има само на едно жариште кое се наоѓа на врвот на опожареното место, рече раководителот на Центарот за управување со кризи во Кичево, Сузана Тасевска.

pozar

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Предраг Петровиќ29/09/2026 - 16:46

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он28/09/2026 - 09:26

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он22/09/2026 - 18:59

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 10:04

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски11/09/2026 - 13:5511/09/2026 - 13:57

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски11/09/2026 - 09:5511/09/2026 - 09:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео