Локализиран е пожарот во село Латово во Македонски Брод

Од:

Локализиран е пожарот во село Латово, месност наречена „Лозје“, во Македонски Брод, кој избувна попладнево и нема опасност од негово проширување, известуваат од Центарот за управување со кризи.

Претходно, од ЦУК информираа дека во атарот на село Латово, кај месноста наречена „Лозје“, избил силен пожар, кој се закануваше да ја зафати и шумата над селото. Во гаснењето на пожарот, покрај локалните пожарникари како и вработени во Национални шуми, се приклучи и еден ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден полициски хеликоптер.

– Ер-тракторот имаше исклучително дејство со кое е постигнат голем ефект во гаснењето на пожарот. Тој е локализиран и нема опасност од негово проширување, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице