Љубопитни сме да дознаеме повеќе на претстојниот Самит во Тиват, вели премиерот за предлогот на Мерц

Од:

Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интеграција во Европската унија.

Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува, како што рече, да слушне повеќе за овие концепти и идеи.

– Тие размислувања и идеи ги слушаме подолго време, не би можел да зборувам ништо додека не стане официјално. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон минатата година и јас тоа го коментирав тогаш – дека ќе се случуваат нови предлози, нови можности во регионот, итн. Она што можам да го кажам во овој момент е дека сме љубопитни да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа, претпоставувам, ќе се случи на самитот во Тиват од 4-ти до 5 јуни, јас ќе бидам таму. Со нетрпение очекувам да ги слушнам овие концепти и овие идеи. Откако ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме и да зборуваме во јавност, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на трговски центар во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

„Политико“: АфД пред историска победа – Мерц се соочува со „политичко понижување“

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи