Љирим Шабани ја презеде функцијата министер за локална самоуправа

Од:

Новоизбраниот министер за локална самоуправа, Љирим Шабани, денеска и официјално ја презеде функцијата од досегашниот министер Тахир Хани.

Главни приоритети на министерот Шабани во извршувањето на својот мандат ќе бидат подинамичен развој на општините и поттикнување на развојот на планските региони во државата преку поефикасно користење на буџетските средства и со средства од фондовите на Европската Унија.

– Локалната самоуправа е извор на потенцијали и можности кои што со соодветна поддршка можат да создадат спирала на развој кој што ќе ги инволвира сите потенцијални субјекти. Сите граѓани во државата имаат право на воедначени јавни услуги и правична распределба на буџетските средства. Затоа во наредниот период ќе бидам фокусиран на целосно имплементирање на политиката на рамномерен регионален развој во државата, како инструмент за намалување на сегашните диспаритети и подобрување на квалитетот на живеење во помалку развиените плански региони, како и во малите и руралните општини, рече министерот Шабани.

Тој ги истакна и можностите што им стојат на располагање на општините преку користење на средства од ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка, чија имплементација ја координира Министерството за локална самоуправа.

Досегашниот министер, Тахир Хани, функцијата министер за локална самоуправа ја извршуваше од фебруари 2013 година

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места