Ливриниќ: Не ви нудам празни зборови и нови лаги, затоа што тоа го слушаме повеќе од три децении

Од:

Оливера Ливриниќ кандидатка за градоначалничка на Општина Бутел на СДСМ, со долгогодишно искуство во културниот сектор и работа како советник во општина Бутел. Ливриниќ ја гради својата визија врз едноставен, но суштински принцип: политиката мора да им служи на граѓаните, а не на партиите или личните интереси, велат од СДСМ.

„Не ви нудам празни зборови и нови лаги, затоа што тоа го слушаме повеќе од три децении. Јас не ветувам – јас ќе работам и ќе покажам резултати“, порача Ливриниќ на стартот на кампањата.

Клучни приоритети на програмата:

Чистота и хигиена: редовно одржување на улици и јавни површини, со функционални и одговорни комунални служби. Транспарентна општина: секоја интервенција, секој денар и секоја одлука
ќе бидат достапни за јавноста.

Вклучување на граѓаните: редовни средби, јавни платформи и целосен увид во работата на општината, со цел враќање на довербата дека локалната власт е сервис за граѓаните. Млади и иднина во Бутел: преку поддршка на стартапи, создавање младински совет, вложување во образование и култура, Бутел ќе стане место каде што младите ќе сакаат да останат, а не да заминат. „Бутел не смее да биде симбол на хаос и празни ветувања. Нашата цел е општина која е чиста, транспарентна и вистински европска. Општина каде што младите гледаат иднина, а сите граѓани да се чувствуваат горди што
живеат овде“, изјави Ливриниќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО