Лишени од слобода крадци во Скопје, одземеното вратено на оштетениот

Од:

По преземени оперативни мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, на 25.11.2022 лишени од слобода биле 18-годишниот Џ.М. и 20-годишниот Д.М. од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на Кеј “Димитар Влахов“ во Скопје извршиле разбојничка кражба врз 26-годишниот С.Б. и му одзеле пари, извести МВР.

– По лишувањето од слобода, кај нив бил пронајден нож на преклопување, како и пари во различни апоени, а кои што потекнувале од извршеното кривично дело. По насоки на надлежен обвинител од ОЈО Скопје од страна на оштетениот и уште едно лице сведок било извршено препознавање, а по целосно документирање на случајот против осомничените ќе биде поднесена кривична пријава по член 238 од КЗ на РСМ, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ