Лишен од слобода разбојник во Кочани, одземеното вратено на сопственикот

Од:

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани денеска го лишија од слобода 33-годишниот И.П. од Кочани поради основи на сомнение дека во текот на денешниот ден извршил разбојничка кражба во објект на територија на Кочани, извести МВР.

– Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од полициски службеници и И.П. е лишен од слобода. Во консултации со јавен обвинител кривичното дело е квалификувано како “разбојничка кражба” по член 238 од КЗ, соопшти МВР.

Сторителот го признал и појаснил кривичното дело, обезбедени се предметите од кривичното дело и се вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ