Лишен од слобода кумановец, пронајдени мигранти во неговото возило

Од:

Синоќа околу 19:20 часот кај наплатната станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Ф.А.(40) од Куманово, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Тој бил лишен од слобода затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица – мигранти од Куба. По преземени мерки, било утврдено дека лицата илегално влегле во Република Северна Македонија, појасни Додевски.

Тој додаде дека тие биле пренесени во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.

– По целосно документирање на случајот, против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, рече Додевски.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија