Лишен од слобода крадец, одземеното е вратено на сопственикот

Од:

Вчера на улицата „Орде Тутески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 29-годишниот К.Ш. од Прилеп, извести МВР.

– Тој бил фатен веднаш по извршување „тешка кражба“ од возило „опел астра“, сопственост на Г.М.(46) од Прилеп, паркирано на ул.„Илија Василески“, при што одзел повеќе предмети, извести МВР.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он