Лимани: Некои одлуки од судиите во Управен немаа врска со Законот

Од:

„Не сум политичар“, вака довчерашниот претседател на Управниот суд, Исамедин Лимани. За А1он ја коментира одлуката да си поднесе оставка од претседателската функција, веднаш по решенијата на неговите колеги-судии да има прегласување во трет круг за Центар и Струга и по поништувањето на победите на Андреј Жерновски и Зијадин Села.

Вели ќе продолжи како судија, а се што има ќе каже пред Судскиот совет.

Судиите кои судат во совети по тужбите од изборите , потенцира, се бираат по пат на жрепка.

„Некои одлуки од судиите немаа врска со Законот. На ова сигнализирав и порано“, вели за А1он, Исамедин Лимани.

Синоќа и отпретседателот на Државната изборна комисија Субхи Јакупи беше изненаден од одлуката на Управниот суд за прегласување во Центар и Струга.

„Не верувам дека имало толку неправилности во Центар“, изјави Јакупи во емисијата „Анализа“ на 24 вести.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар