Лила Филиповска: Дадов 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за „1ТВ“

Од:

„Не сме скарани, но не сме повеќе пријатели со Боки 13“. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“.

„Го познавам од неговата 15-та година. Бевме пријатели, па бевме скарани некое време, па се смиривме пред некое време. Сега не сме скарани, но не сме пријатели“, рече таа

Таа кажа дека дала донација за „1ТВ“ од 25 илјади евра.

„Сакав да помогнам“, рече водителката.

Дополнително, таа дала околу 500.000 денари позајмица на „БМЈ Медиа груп“, фирмата сопственик на „1ТВ“.

Филиповска рече дека никогаш не примила пари од оваа фирма, единствено дала бидејќи сакала да помогне на телевизијата.

Инаку, водителката Лила Филиповска беше со Бојан Јовановски – Боки 13 кога на 15 јули тој сакаше да ја напушти државата со полна торба пари.

Бојан Јовановски тогаш беше уапсен на граничниот премин Богородица, при обид да ја напушти државата.

Филиповска во септември беше повикана како сведок од шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Русковска.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог