Лидија Каначковиќ и Селим Адеми, предложени за членови на Судскиот совет

Од:

Лидија Каначковиќ, судика во Вишиот управен суд и Селим Адеми, државен советник за правда се новите предлози за членови на Судскиот совет.

Предлогот Каначковиќ и Адеми да станат членови на Судскиот совет, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања ќе го достави до Собранието, а се очекува тие да бидат изгласани на следното праламентарно заседание.

Каначковиќ и Адеми беа предложени од претседателот на Комисијата Илија Димовски, додека Беким Фазлиу, пратеник од ДПА го предложи Елвир Исени, адвокат од Тетово.

Опозицијата обвини за партизација на судството,  на  што  пратениците од мнозинството одговорија дека предлагаат професионалци кои имаат богато правничко искуство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски