Лидерот на СДСМ во посета на Израел

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев престојува во посета на Израел каде ќе оствари средби со претставници на Владата и на бизнис заедницата.

Како што е најавено, денеска Заев ќе има средба со претседателот на Израел, Реувен Ривлин, а потоа ќе оствари и состанок со претставници на израелската бизнис заедница.

Утре ќе се сретне со вицепремиерот Силван Шалом и со министерот за инфраструктура, енергетика и води, Јувал Стеинц.

Во рамки на официјалната посета на Израел, претседателот на СДСМ ќе ги посети и светите места во Ерусалим, а, како што се наведува во соопштението од СДСМ, предвидено е да даде и интервју за познат израелски медиум.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски