Либертас: Провладините медиуми фатени во лага за амбасадорот Рикер

Од:

Провладините медиуми ја пренесоа изјавата на Филип Рикер, првиот човек на Стејт департментот за Западен Балкан, во која тој вели дека САД се малку разочарани од некои политички лидери кои со своето однесување го пренасочуваат фокусот на вниманието во своите земји од важни работи, а за свои лични програми.

Но, изјавата не е пренесена интегрално. Тие изјавата ја интерпретирале дека е насочена до лидерот на македонската опозиција и на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Редакцијата на Либертас контактирала со Филип Рикер и тој , како што објавија бил изненаден од погрешната интерпретација и извртување на неговата изјава и потенцирал дека со изјавата не алудирал на Црвенковски.

„Не мислев на господинот Црвенковски. Не се сеќавам дека некој од МИА или било кој македонски новинар присуствуваше на брифингот во Брисел. Алудирав на балканските лидери кои не ги придвижуваат своите земји напред“, изјави Рикер за Либертас.

Еве како веста ја пренесоа дел од медиумите.

Државната агенција МИА тврдеше дека „ Оваа изјава може да се толкува како нова порака за претседателот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски и неговото улично делување во Македонија.“

Tелевизија Сител пренесе дека Црвенковски го разочарал и Рикер.

„Со оваа изјава Рикер со дипломатски речник му порачува на Црвенковски дека САД се противи на уличната политка на СДСМ и дека опозицијата ќе ја носи одговорноста за нарушениот меѓународен углед на Македонија. Пораката на Рикер како највисок фунер на САД за Западен Балкан следи откако Црвенковски остана глув на барањата на американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс кој јасно порача опозицијата да се врати во Собранието“, пренесе Сител.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on