Либертас: Две криминални банди од Косово „изнајмени“ за инциденти во Куманово?!

Од:

Две криминални банди од Косово се платени и донесени од пред некој ден во Куманово, за да прават вооружени инциденти, за да се шири паника и страв меѓу жителите на овој град, тврдат дипломатски извори на Либертас.

Едната криминална банда, според нашите извори ја предводеле командант Нато од УЧК, поточно извесен Мирсад Ндрецај од Косово и Бек Ризвај, човек близок на влијателен функционер на ДУИ од Скопје.

Оваа група претходно, неколку денови била во Слупчане, обидувајќи се да придобие жители од селото да им се приклучеле, нудејќи им пари, но наводно никој од селаните не сакал да им се приклучи.

Еве што стои во написот:

Од пред некој ден бандата на командант Нато, лица со дебело криминално досие на Косово, од оние што ги изнајмиле и ги платиле да прават инциденти во Кумановскиот регион, добиле задача следна цел да им бидат стратешки објекти на градот меѓу кои се и наводно напад на полициската станица во градот и зградата на општина Куманово.

Другата криминална банда донесена и платена за инциденти се криминалци од Косово предводени од извесен Сабит Геци од Косовска Дреница, кој моментално според нашите извори е во затвор во Приштина, а изворите тврдат дека тој бил човек лојален и послушник на Хашим Тачи.

Неговата банда, исто така, иако ривалска со бандата на командант Нато, платени, според изворите на Либертас, се од исти нарачатели од Македонија, е од пред некој ден во Куманово.

Дипломатски извори тврдат дека деновиве, пред протестите закажани за 17-ти овој месец, од Приштина во посета на Македонија планирано е да дојде Хашим Тачи, со мисија да и даде поддршка меѓу Албанците во Македонија, наводно на партијата на Ахмети, а со тоа и на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, објави порталот Либертас.

Мисијата на Хашим Тачи, доколку се реализира, наводно е преку средби но и со изјави во локални телевизии и други медиуми под капата на ДУИ, да им сугерира на Албанците да не се приклучуваат на опозициските протести и дека светата цел за сите Албанци во една, а не како сега во три држави, не е напуштена, и таа ќе се реализирала.

Со ова, велат изворите на Либертас, Хашим Тачи би и помогнал на владеачката ДУИ да поврати дел од довербата кај членството и симпатизерите, која, како што се продлабочува кризата, така вртоглаво се топела.

Со пукотниците утрово во Куманово, започна реализацијата на ова сценарио скроено и нарачано од ваши политичари, велат изворите на Либертас.

Лицата кои се во двете банди, криминалци со дебели досиеа на Косово, платени и донесени биле за создавање атмосфера на војна, и пред се, наводно алиби зашто ДУИ во интерес на безбедноста на граѓаните Албанци седи уште во владата на Груевски, и не излегува.

Со тоа, велат дипломати кои инсистираат на анонимност, Ахмети би го намалил притисокот врз него, но и на групата внатре во партијата, која од лукративни причини не прифаќа напуштање на владеачката коалиција, водена од тендерските профити кои и ги носат седењето во владата на Груевски.

Вчера портпаролот на владеачката ДУИ, Бујар Османи, веднаш по шпекулациите дека врвот на партијата е пред одлука да излезе од владата на Груевски, по подолг молк, експрено реагираше со изјава дека тоа не е точно, дека ДУИ била партија која се грижела, пред се, за доброто на граѓание и ако излезела од владата, безбедносната состојба на државата би се влошила уште повеќе.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра