Либерална партија: Веднаш да се стопира екстерното тестирање

Од:

Либералната партија побара од Министерството за образование и наука да го стопира проверувањето на знаењето на учениците низ екстерно испитување.

Со екстерното испитување, велат од партијата, Министерството за образование и наука признава дека не е во состојба редовно да ја следи успешноста на наставниот процес.

– Тоа е внатрешен проблем на министерството, а не на учениците и наставниците. ЛП го разбира незадоволството на граѓаните и ги поддржува протестите на учениците, нивните родители и наставниците против екстерното испитување и го поздравува учеството во протестот – нагласуваат од партијата.

Екстерното испитување, велат од партијата, е механизам што ја обесмислувал редовната настава и проверката на знаењето и создавал дополнителни потешкотии пред сè за учениците, нивните родители, но и за наставниците.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето