Либералите сами на избори

Од:

Либералната партија вечерва на Извршниот комитет одлучија на локалните избори да настапат самостојно.

Вечерва во Скопје се одржа Триесетичетвртата седница на Извршниот комитет (ИК) на Либералната партија на Македонија (ЛП).

На седницата беше едногласно одлучено ЛП самостојно да настапи на претстојните локални избори со кандидатски листи за членови на совети на општините, како и за Градот Скопје.

Верификувајќи ги листите на кандидати, Извршниот комитет заклучи дека ЛП ќе истакне и кандидати за градоначалници во неколку општини.

ЛП ќе настапи на локалните избори со слоганот: „Имам став!“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно