Левица: ​​​​​Власта именува директор на затвор од ЗНАМ гонет за несовесно работење

Од:

На последната Седница на Владата за В.Д. директор на КПД Прилеп беше назначен Емил ЈАНЕСКИ, поранешен функционер на СДС, а сегашен член на ЗНАМ. Јанески во 2020 година беше директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него СВР Битола поднесе КРИВИЧНА пријава за „несовесно работење во службата“ и предизвикување штета врз буџетот од претпријатието во висина од 2,3 милиони денари, велат од Левица.

„Токму тогаш, ДПМНЕ на прес-конференција бараше Јавното обвинителство да реагира и да ги расчисти сомнежите за милионската проневера од Јанески. Очигледно е дека криминалните кадри од СДС се инкорпорира во ЗНАМ, со цел да добијат АМНЕСТИЈА од Мицкоски преку нивниот влез во власта.

Левица јавно ја повикува Владата на ДПМНЕ, наместо да дели директорски функции на кадрите од СДС којашто сама ги нарекуваше криминални (кои душмански ја краделе државата) – да ги достави документите за нивното криминално работење до Обвинителството и овозможи фер и транспарентна постапка да се докаже дали и за колку е оштетен народниот буџет.

Дополнително, потсетуваме дека Емил Јанески е незаконски назначен за В.Д. директор (исто како и Пандов), затоа што тој не е вработен во установата за чиј прв човек се назначува. Согласно законот, за вршител на должност, исклучително може да се назначи лице само од редот на вработените“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он

Левица: Енергетска криза без план – доцнењето со мерките ги чини граѓаните милиони

Горан Наумовски

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции