Левица со осуда за навредите на Кочовска кон Петровска: Подли, мизогини и недостојни изблици на вмровските политичари

Од:

Политичката партија Левица го осудува говорот на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска која на пратеничката Славјанка Петровска ѝ кажа дека нема право да зборува за семејство бидејќи нема деца.

„Јас политички не се согласувам со пратеничката Славјанка Петровска, ама секаква лична дискредитација во обид да се избегне одговорност и тоа како е за осуда.

За жал, министерката Кочоска (во една за неа препознатлива ароганција) денес од собраниска говорница оценуваше кој смее, а кој не смее да говори за трошоци на семејството?! Според неа, тие што немале семејство, не смеат да говорат и да бараат одговори?!

И ова е крајната нечовечна, мизогина и одвратна политичка култура на власта, која секојдневно ја сведочиме, со гнасни шиканирања. Ако се надоврзам и на пцуењето од пратеникот Петар Ристески, новата власт на ДПМНЕ и тоа како ја удрило политичката моќ и ароганција, без ниту една година на власт.

Не знам дали министерката Кочоска сака да му се допадне во ароганцијата на премиерот Мицкоски и да го достигне неговото “ниво”, кој исто на пратенички прашања, освен одмори на Хургада и дегутантни дискредитации – друго нема што да каже.

Како член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички, очекувам јавна осуда од сите партии за ваквиот говор на министерката. Во спротивно, воопшто не сметам дека треба да сум дел од тела кои само формално постојат на хартија и во истите не планирам да учествувам“, истакна Јована Мојсоска, пратеничка од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како „бесплатно“

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

Левица на Економскиот форум во Владивосток: Македонија мора да ги препознае можностите на новиот мултиполарен свет

А1он

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он