Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како „бесплатно“

Од:

После најновите информации објавени за фирмата „Авалон”, можеме да заклучиме дека математиката не му е силна страна на Мицкоски, како што му е силна експертизата за мали хидроцентрали. Имено, медиумот ПорталИкс објави дека во февруари, Државната лотарија ѝ исплатила 1.850.610 денари на „Стардаст ДООЕЛ“, фирма основана од Миа Милошеска, поврзана со „Авалон“. Само два месеци подоцна, токму „Стардаст ДООЕЛ“ станува единствениот кандидат избран за организација на програмата за 35 години независност. Скандалозно е што на прашањето до фирмата-ќерка на „Авалон” по кој основ добиле средства од Лотарија, медиумот не добил никаков одговор, тврдат од Левица.

– Под раководство на директорот Александар Климовски, Државната лотарија со месеци е проследена со сериозни скандали за тоа кому, по кои критериуми и за што се распределуваат милиони од средствата на државната компанија. Левица веќе јавно реагираше како Лотарија е претворена во партиски мегафон на власта:
– доделени 24.000 евра за здружение поврзано со брат на член од обезбедувањето на премиерот Мицкоски;
– 45.000 евра за проект “гледање фудбал” за здружение формирано од поранешниот вмровски советник во општина Аеродром, Стефан Синадиновски;
– над 4 милиони денари месечно на инфлуенсери, професори, јавни личности, партнери на функционери од власта и повторно без никакви критериуми и отчетност!

После еден месец јавен притисок и избегнување на одговор од Владата, очигледно Мицкоски требаше ексклузивно да ја соопшти веста за прославата од “нула денари”, иако Државната лотарија не е приватна фирма, а уште помалку општествена одговорна. Наместо Мицкоски постојано да се става во улога на портпарол за секој ресор, го повикуваме премиерот овој пат да дозволи директорот Климовски конечно да разјасни низа прашања поврзани со неговото работење: По кои критериуми и за која намена фирмата-ќерка на „Авалон” добила средства од Државна лотарија два месеци пред јавниот повик за спонзорирање? Објавување на договорот за ангажман на Дејвид Гета. Детални податоци за компаниите кои беа „општествено одговорни“. Целосна финансиска конструкција за караванот „35 години независност”, бараат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција