Левица: Со 365 амандмани го блокиравме погубниот ДУП за зградите „Силекс“ во Кавадарци

Од:

Денес, Левица преку советникот Круме Богевски со 365 амандмани ја блокираше предлог-Одлуката за утврдување на ДУП за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7-“Силекс згради”, К.О. Ваташа, Општина Кавадарци за плански период 2021 – 2026 која е ставена како точка на дневен ред за Седницата на Советот која треба да се одржи во четврток. До политичката партија Левица во тек на изминатите три месеци пристигнаа стотина барања да се блокира овој погубен ДУП, кои покрај трите неуспешни јавни анкети се доволни за да се спречи претворањето на целата населба во една бетонско-асфалтна плоча, се вели во соопштението од Левица.

– Имено, додека Кавадарци е на врвот на најзагадените градови во Македонија, Општина настојува преку овој ДУП дополнително да им ги намали зелените површини и просторот за рекреација и детска игра на жителите кај комплексот згради ,,Силекс”! Граѓани кои присуствуваа на јавните анкети цврсто рекоа НЕ за изградба на патишта околу нивните згради, бидејќи единствено што ќе добијат е значително намалување на зелената површина и губење на паркинг места кои и онака ги немаат во доволен број, со што и дополнително би се загрозила безбедноста на најмладите кои си играат на овој простор!

Целта на овој ДУП е задоволување на потребите на урбанистичката џунгла која се гради од другата страна на реката Луда Мара за која беше изгласан ДУП-от, без да се обезбеди пристапно сообраќајно решение, па сега градската администрација сака да го уништи зеленилото на зградите ,,Силекс” за да им обезбеди пристап!
Ваквите урбанистички преседани ги штитат само интересите на инвеститорите, на сметка на гушење на граѓаните! Затоа сметаме дека треба да го искористиме филибастерингот како последна алатка во блокирањето на оваа предлог-Одлука на ВМРО-ДПМНЕ! Потсетуваме дека Левица во својата програма на овој простор имаше предвидено парк за одмор и рекреација на сите генерации – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ и СДСМ беседат само за ЕУ, а извештајот на ЕК ги потврдува критиките на Левица за корумпираните политики

Катерина Ѓуровски

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство