Левица: Шахпаска ја игнорира голготата на стечајците која СДСМ ја создаде

Од:

„Вчера се одржа протест на поранешните работници од АД ,,Треска” пред просториите на Министерството за Труд и социјална политика. Овие стечајци повеќе од 15 години се дел од правните лавиринти од кои никогаш не добиле позитивен исход, при што единствено бараат да им бидат исплатени заостанатите плати и придонеси кои што вкупно изнесуваат околу 3 000 000 евра. По одржувањето на протестот беа повикани претставници на стечајците на разговор со министерката Јагода Шахпаска, каде присуствуваше и членот на Централниот Комитет – Кочовски Бобан.

На оваа средба министерката се прогласи за НЕНАДЛЕЖНА, иако МТСП е надлежно за донесување на закони со кои што можат материјално да се обезбедат сите стечајци во Република Македонија. Во обид министерката да издејствува позитивен исход во нејзина полза се обиде да им понуди социјална помош на дел од овие луѓе, но не сакаше да посочи КОГА истите ќе ја добијат! На овие понуди од министерката, претставниците на работниците реагираа бурно при што ѝ укажаа дека тие имаат конкретни побарувања кои што самите ги сработиле со сопствениот труд и не бараат ништо што тие го немаат заслужено“, се вели во соопштението на Левица.

„По завршувањето на оваа расправа, членот на Левица – Кочовски Бобан, ѝ предложи на министерката Шахпаска да се донесе Закон за материјално обезбедување на стечајците од Република Македонија, со што не само оние стечајци од АД „Треска“, туку и сите останати на ниво на цела држава, ќе ги добијат своите заостанати плати и придонеси. На овој предлог министерката реагираше НЕГАТИВНО и го одби истиот, со образложение дека не може да се донесе таков закон и започна со промоција на сработеното во време на владеење на СДС и (според неа) добрите политики водени од оваа власт. Сосема на крај, министерката констатираше дека правдата треба да ја побараат во Министерството за финансии или во Владата на Република Македонија, нешто што најавија дека ќе го сторат при наредниот организиран протест и ќе побараат средба со ресорните министри со цел што поскоро да се реши нивниот проблем.

Левица ќе продолжи да ги подржува овие работници преку директно присуство на нивните протести, медиумска подршка, како и соработка со правни тимови кои што можат да им помогнат при водењето на нивните судски постапки. Исто така, Левица ќе се обиде да донесе Закон за материјално обезбедување на стечајците во Собранието на Република Македонија со што ќе помогне на илјадници семејства ширум државава“, се наведува во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице