Левица: Сестрата на директорот на СОЗР во МВР – непотизмот царува во владата

Од:

Не престануваат скандалите со непотизам во Владата предводена од Мицкоски. Овој пат се работи за вработување на сестрата на директорот на Службата за општи и заеднички работи – Ивица Томовски. Имено, информациите кои пристигнаа до Левица говорат дека токму сестрата на Томовски е вработена во ОВР-Струга, без никакво претходно искуство во безбедносниот сектор, велат од Левица.

– Ова не е прв скандал со директорот на владината Служба, која периодов е најактивна во реализирање тендери за егзотично овошје и скапи прошетки на владините функционери. Имено, претходно медиумот ,,Радио Слободна Европа” објави скандал со тендерот на СОЗР за обезбедување на државните објекти. Како што објави тогаш медиумот, тендерот го доби приватната агенција за обезбедување „Праеториан ДООЕЛ”, чиј сопственик Власе Танаскоски е во роднински врски со директорот Ивица Томовски. Освен што директорот на владината служба доделил тендер на свој роднина, скандалозното е и што сопственикот на агенцијата која ќе ги обезбедува државните објекти претходно бил правосилно осуден за трговија со дрога. Ивица Томовски важи за близок соработник на Мицкоски, а нивните бизнис интереси датираат уште од времето кога Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ. Тогаш, компанијата „Сити Логистик” (во сопственост на Ивица Томовски) добила тендери во вредност од 60.000 евра од страна на ЕЛЕМ, со потпис на Христијан Мицкоски. Праксата на скандалозни тендери и вработувања по партиска и роднинска линија ја продолжува и оваа влада, додека младите секој ден се повеќе се иселуваат, затоа што компетентноста и стручноста не е никаков приоритет на криминогени партии кои егзистираат врз непотизам и партиски вработувања, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

(ВИДЕО) Апасиев: Ќе поднесеме втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Левица: Пливачите ја плаќаат цената за криминалните концесии на власта

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски

Левица: ​​Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува