Левица: Просветниот инспекторат заробен од ДУИ продолжува со незаконието во Чашка

Од:

Откако состојбите во ООУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка ескалираа во протести на родителите што доведе до состојба во училиштето да не се организира настава со недели, Левица поднесе Барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот просветен инспекторат, велат од Левица.

„Државниот просветен инспектор – Сенад Сулејмани, место да изврши увид во посочените неправилности како непочитување на реонизација; непочитување рокови за упис на ученици во прво одделение; непочитување на Статутот на училиштето, единствено ја констатирал состојбата дека во училиштето се запишани пет ученика Албанци и врз основа на таа констатација бара измени во Статутот на училиштето!

Од каде и како се создале тие пет ученика? Тие не се запишани во рокот за упис како што е предвидено со чл. 60 од Законот за основно образование, туку на средина од првото полугодие, и нивните родители не живеат на адреса во населба Чашка (предвидено во чл.63 од Законот за основно образование), но ова инспекторот „заборавил“ да утврди! Заборавил и дека непристрасноста е едно од основните начела на инспекцискиот надзор. Левица ги поддржува родителите да издржат пред налетот на иредентистичките и незаконските егзибиции од ДУИ, а против државниот инспектор Сулејмани ќе биде поднесена соодветна пријава“, нагласуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје