Левица: Премиере, наместо манипулации, објаснете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Од:

Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас. Премиерот, кој треба да претставува државнички капацитет и стабилност, секојдневно ја дискредитира својата функција со контрадикторни изјави – наутро тврди дека Левица е во коалиција со ДУИ, а навечер дека токму ДУИ со своето негласање придонеле за забрана за рекламирање на Левица, велат од партијата.

„Секој рационален човек гледа дека Левица никогаш не била и нема да биде во коалиција со било која партија. Постојат само две страни – Левица и народот, наспроти криминогените партиски картели.
Во обид за политички маркетинг, Мицкоски продолжува со своето себепонижување во име на коалицискиот партнер ВРЕДИ. На митинг на ВМРО-ДПМНЕ ги бранеше и повикуваше своите членови да гласаат за кадрите на ВРЕДИ, претставувајќи го како најголемо зло тоа што Левица има кандидати во Тетово, Струга и Гостивар, градови кои ВМРО и СДСМ одамна ги избришаа од мапата на Македонија. Премиере, кога ветувавте дека ќе го вратите достоинството на народот – ова ли го имавте на ум? Да ги терате сопствените членови да гласаат за луѓе кои јавно пропагираат соништа за Македонија како втора албанска држава, а во име на тие соништа жестоко ја напаѓате Левица? Да потсетиме, кога се собра мнозинство за изгласување недоверба на владата на Заев, на таа маса седеше и Левица. Додека ние го баравме „исчезнатиот“ пратеник поради кој таа влада не падна, Вие објавувавте слики како вадите масно ткиво. Сега, кога сте на власт, зошто во име на бизнисите не покренавте ниту една постапка против Заев, додека тој гради раскош во Дубаи? А речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До каде е постапката, премиере, тврдат од Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ од Аеродром: Луѓе одиме во втор круг

Мојсоска од Струга: Оние кои го амнестираа ДУИ сега шират манипулации за коалиција на Левица со ДУИ

Катерина Ѓуровски

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Предраг Петровиќ

Ова се профашистички тенденции на власта – Крмов за забраната за рекламирање на Левица

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Дарко Грујоски – кандидат за градоначалник на Гостивар од Левица: Време е за промена

А1он