Левица: Пливачите ја плаќаат цената за криминалните концесии на власта

Од:

Очекуваното затворање на базенот „Борис Трајковски“ заради реконструкција е вистински удар за пливачите. Директна последица од ова затворање е принудното префрлање на сите пливачи на Олимпискиот базен во Скопје – потег кој дополнително ќе го оптовари и онака кревкиот буџет на клубовите, бидејќи таму цените за термините се енормно високи и за жал недостапни за многумина, што доведува некои пливачи да се повлечат од спортот, велат од Левица.

– Санацијата на базенот во Карпош е неопходна, меѓутоа дали власта ќе обезбеди услови за тренинг пред затворање на спортскиот објект? Реалноста на Олимпискиот базен е карактеризирана како „дупка без дно“. Овој државен објект со децении е заробен во приватна концесија при што закупецот профитира, а државата тоне во милионски долгови кон него. Државата, со договорот од 2004 година, се обврзала да му ги покрива на закупецот Маневски инвестициите во објектот. Тоа подразбира дека тој за секое реновирање во зградата на базенот испраќал и испраќа сметки до Јавното претпијатие за стопанисување, кое, пак, треба да му го исплати вложеното.

Државата никогаш не ги покривала реално трошоците поради блокираната сметка на јавното претпријатие, поради што и тој одамна не ја плаќа концесијата од 750 евра месечно. Овој договвор е реален доказ за криминал и корупција. Тоа го докажува и условната затворска казна на поранешниот директор Аљиљ Палоши, кој беше осуден токму затоа што со приватни фирми, меѓу кои и со онаа на Маневски за Олимписки, склучувал договори за закуп по цени далеку пониски од реалните вредности.

Дополнителен проблем претставува и тоа што базените градени според училишни стандарди, коишто се под капа на министерството за спорт, се под клуч, а рокот за нивна изградба е веќе истечен.

Левица веќе апелираше да се стават овие базени во употреба. Но, професионалниот спорт бара стандарди, димензии и услови кои овие помали објекти едноставно ги немаат, со што тренинзите на професионалните пливачи не би биле ефикасни. Поради тоа, државата по секоја цена мора да изнајде начин да го обезбеди Олимпискиот базен за македонските спортисти. Не смее еден штетен договор со концесионер, склучен под сомнителни и коруптивни околности, да биде посилен од јавниот интерес на пливачките спортови.

Освен инфраструктурно одржлив објект, на пливачите им треба и финасиска достапност до базените, а со оглед на тоа што пливачките клубови функционираат како граѓански здруженија, тоа кај овие спортисти е веќе отежнато. Левица повеќепати досега апелира министерството за спорт да преземе одговорност за овој проблем што настана и минатата година. Во Скопје не е доволен само еден базен. Изградбата на базени низ целата држава е од круцијално значење со оглед на тоа што пливањето е базичен спорт, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски

Левица: ​​Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

Левица бара разрешување на вицепремиерот Арбен Фетаи

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете во Македонија е сиромашно