Левица: Платформата на ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците е провокативна и беспредметна

Од:

Во услови кога голем процент од населението во Република Македонија живее во сиромаштија (460 000 луѓе се под прагот на сиромаштија, а 180.000 луѓе се во апсолутна сиромаштија), а Македонија е земја со највисоки класни разлики во Европа, Македонија е земја речиси без социјални програми, заедничката платформа на ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците е провокативнa и беспредметнa, оценува партијата Левица.

Во соопштението партијата посочува дека многу други прашања се поважни од она што го бараат овие партии.

„Време е во прв план да се постават најгорливите прашања кои ги засегаат сите етнички заедници во оваа земја, а тоа се социјалните права. Ваквите заложби немаат ништо суштинско, односно само создаваат привид дека некој се бори за нешто, додека реалноста е спротивна. Ваквата реторика им одговара само на интересите на богатите кои преку подгревање на национализмот кај сите етнички заедници се обидуваат да го одвлечат вниманието од суштинските проблеми, а со тоа да спречат надетничко обединување на народот кое би ја загрозило нивната привилегирана положба во општеството.

Време е да ги поставиме вистинските проблеми во преден план, не e возможно да зборуваме за било што, кога немаме услови за достоинствен живот, кога голем дел од граѓаните се угнетувани и експлоатирани. Левица ги повикува граѓаните да не наседнуваат на триковите и маглите на владејачките бизнис и политички елити и да се обединат во борбата за решавање на заедничките проблеми кои суштински и навистина нѐ обединуваат сите нас, без разлика на националната, религиозна или сексуалната определба, единствено обединети врз основа на нашата општествена положба како угнетени.Во таа борба сиромашните и обесправените немаат што да изгубат, освен своите окови.

Но исто така, ние од Левица сме свесни дека треба да се надминуваат јазот и бариерите кои ги имаат етничките Македонци кон учењето и употребата на албанскиот јазик. Ако повеќемина во Македонија го научат албанскиот јазик, барем во мера на негово разбирање, тогаш далеку поширока употреба ќе има албанскиот јазик во споредба со неговото наметнување на официјален начин, што, овде и сега не може да не помине без пораст на национализмот кај Македонците и отпор кон учењето и употребата на албанскиот јазик“,стои во соопштението на партијата Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Штанцањето милиони за патни трошоци на пратениците мора да запре

Јанчев: Интерпелацијата на Даути е успешна

Левица: Закон за јавни набавки по нарачка на тендер мафијата и бизнис елитите на ДПМНЕ и ЗНАМ

Крмов: Левица ќе поднесе предлог за разрешување на Даути доколку таа не поднесе оставка

Левица: Историскиот криминал на СДС со „Бехтел и Енка“ ДПМНЕ ќе го реализира со бивши затвореници

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он