Левица: Одењето по невеста е причина повеќе ДПМНЕ да ја изгласа интерпелацијата за Гаши

Од:

Скандал се случи викендов кога претседателот на Собранието, Африм Гаши, со службено возило и државно обезбедување одел на свадба во Косово, а за сопствените приватни потреби го блокирал целиот граничен премин. Функционерските привилегии се стимулатор на расипничко однесување на функционерите, без разлика дали се избрани или именувани. Нивната секојдневна злоупотреба беше извор на проблеми во претходната Влада, но истото продолжуваат да го прават и функционерите од новиот владин состав, велат од Левица.

„Дивеењето на коалицискиот партнер на Мицкоски и ДПМНЕ е евидентно уште од конститутивната седница! За збеснатиот Гаши, Левица веќе поднесе интерпелација во Собранието по седум точки и истата чекаме да биде ставена на дневен ред. Бланко – поддршката за избор на претседател на Собранието од редовите на ДПМНЕ останува.

Потсетуваме и дека пред само неколку недели, обезбедувањето на Гаши впери пиштол во полициски службеник на скопскиот аеродром. Нагласуваме дека Левица е единствената политичка партија која во својата програма и платформа се залага за УКИНУВАЊЕ НА ПРИВИЛЕГИИТЕ за функционерите! По однос на злоупотребата на службените возила, мерките кои ги предлагаме се:

– Укинување на привилегиите, ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ и апанажите на избрани и именувани функционери, во сите нивоа на власта;

– Воведување специјални ЦРВЕНИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ за службените возила на државните органи, општините и јавните претпријатија;

– Воведување на задолжителни ,,GPS – ЛОКАТОРИ”, со цел мониторинг на тоа кој каде и за што ги вози службените возила;

– Ограничување на бројот на службени возила на министерствата на максимум 3-5 автомобили и воведување лимит од максимум цена на возило.

Само со укинување на функционерските привилегии ќе се спречи нивна злоупотреба! Луксузирањето на политичарите на сметка на граѓаните не смее да биде пракса“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката