Левица: Обезбедувач на Мицкоски доби условна казна за семејно насилство, дали ова е правдата што ја ветуваше власта?

Од:

Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја претепал својата сопруга, доби условна казна откако ја признал вината за стореното дело. Наместо затворска казна, насилникот доби уште една шанса од системот кој со години потфрла во заштитата на жртвите на семејно насилство. Мицкоски неодамна тврдеше дека овој случај бил „доказ дека системот функционира“. Ако ова е функционирање на системот, тогаш не е чудо што Македонија е меѓу европските држави со највисоки стапки на фемицид и што секоја нова трагедија доаѓа по истата шема: пријави, игнорирање, благи казни и на крај – изгубен човечки живот, велат од Левица.

– Дополнително, Мицкоски во повеќе наврати јавно тврдеше дека „секој што се огрешил пред законот ќе одговара, па макар бил и роден брат или сестра“. Дали ова важи за сите или постојат привилегирани категории блиски до власта? Македонија веќе со години се соочува со епидемија на семејно насилство и фемицид. Речиси секој нов случај открива иста шема: претходни пријави, институционална неажурност, благи санкции и на крај трагични последици. Наместо државата да испрати јасна порака дека насилството врз жените нема да се толерира, судовите продолжуваат да делат условни казни и да ја поткопуваат довербата во правниот систем.

Ваквите пресуди создаваат чувство на неказнивост и испраќаат опасна порака до сите потенцијални сторители на семејно насилство. Условните казни не ги штитат жртвите, туку ги охрабруваат насилниците дека и следниот пат ќе поминат без сериозни последици. Левица бара целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности под кои е изречена ваквата пресуда и одговор на прашањето дали блискоста до власта повторно се покажала како олеснителна околност во македонското судство. Дали ова е правдата што ја ветуваше Мицкоски, прашуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

А1он

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис