Левица: Нема крај на партиските вработувања – ДПМНЕ изгласа дополнителни 10 вработувања во Општината поради 2 пензионирања

Од:

На вчерашната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, ДПМНЕ изгласа Дополнување на Планот за вработување во Општината за 2024 година, со 10 нови вработувања, и тоа: 2 за поддршка на градоначалникот; 4 за нормативно-правни работи, работа со советот и јавни набавки; 1 за финансиски прашања; 2 за урбанизам, инвестиции и комунални дејности; 1 за економски одржлив развој.

Небулозата оди дотаму што заминувањето на двајца административци е причина за десет нови вработувања.

Бројот на вработени во Општината ќе се приближи до 100, а Општината ќе остане нефункционална.

Имено, во изминатиот период до нас стигаат поплаки од граѓани за неажурност и недостапност на општинската администрација.

За нефункционалноста на општинската администрација сведочат и советниците од Левица коишто поради неажурноста и ноншалантноста на партиската војска во Општината, во континуитет се спречени да ги остваруваат своите законски, статутарни и деловнички права како советници.

Нефункционалната Општина е плод на партиски конкурси и нестручни кадри коишто вршат партиски задачи.
Партизацијата на институциите останува и понатаму рак рана на нашето општество и е главна причина за иселувањето на младите кадри кои се жртва на долгогодишниот партиски критериум при вработувањето.

​Моментот кога Левица ќе добие поголема моќ на локално ниво, како единствена партија која се залага за професионална и непартиска администрација со транспарентен процес при вработување – ваквото партиско и крајно недомаќинско натрупување на администрацијата ќе биде целосно ревидирано, реагира Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски