Левица: Неказнети се дури 75 отсто од сторителите на семејно насилство

Од:

Поразителната казнена политика што ја применуваат судовите воопшто не придонесува за намалување и елиминирање на семејното насилство ниту пак води кон заштита на жртвата од повторна тортура и виктимизација. Дека се потребни системски решенија укажува и фактот дека во нашата држава мажите за 8-9 пати повеќе се јавуваат како сторители на семејно насилство во однос на жените.

Покрај тоа што судовите поведуваат мал број на постапки против сторителите на семејно насилство, тие и во најголем дел од случаите изрекуваат само условна осуда кога станува збор за сериозно кривично дело како што е телесно/физичко, психичко и родово засновано насилство.

Имено, јавно достапни информации потврдуваат дека судот донесува ослободителна пресуда во 5% од случаите на семејно насилство заради немање доволно докази!

Дури 75% од сторителите на семејно насилство се неказнети, односно добиваат условни осуди, додека само 20% од сторителите на семејно насилство се соочуваат со казна затвор. Но, и овие мал број на изречени затворски казни не се извршуваат!

Судовите, сторителот го „казнуваат“ и со неколку последователни условни осуди, и покрај тоа што жртвата со години (а во некои случаи и децении) наназад во континуитет барала помош и заштита од институциите надлежни за овој вид на насилство. Ваквите кривични дела кои се повторуваат, не ретко, прераснуваат во убиство/фемицид, за што сведочат немилите настани кои неодамна се случија во Куманово и Кочани.

Оттука, со право граѓаните се згрозени пред фактот дека судовите го штитат сторителот на семејното насилство, наместо жртвата! Дотолку повеќе што тие не преземаат ништо за да ги констатираат пропустите во системот со цел во иднина да не се повторат ваквите насилства!

Игнорантскиот однос на надлежните институциите раководени од СДС-ДУИ е целосно неприфатлив. Левица е против ваквата тенденција на судовите за неосудување на сторителите и алармира на доследно изрекување и извршување на предвидените затворски казни како исклучително важен сегмент во делот на превенција и заштита на жртвата од повторна тортура и виктимизација, посочуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски