Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

Од:

„Додека илјадници жители на Гостивар се соочуваат со здравствени последици, а водата од градскиот водовод не е безбедна за никаква употреба – Мицкоски настапува како премиер на туѓа држава. Наместо итна мобилизација на сите расположливи капацитети, тој ладнокрвно соопштува дека Владата го завршила својот дел во поглед на нејзината надлежност, по што санацијата ја препушта на локалниот Водовод чиј капацитет е причината за настанатата катастрофа. Во ваква состојба не е доволно секоја институција да си го штиклира сопствениот дел од постапката. Од Владата не се очекува да биде набљудувач што ќе констатира кој следен треба да постапува, туку да ја преземе координацијата додека не биде отстранета опасноста. Кога во прашање се животот и здравјето на цел град, формалното разграничување на ингеренциите не може да служи како алиби за политичка пасивност“ соопштија попладнево од Левица.

Од партијата велат „Обезбедувањето 50 илјади литри флаширана вода никако не е исцрпување на можностите на централната власт. Водата во шишиња не ја прочистува загадената мрежа, не ги испира цевководите, не врши дезинфекција и не спречува ново загрозување. Сведувањето на државната реакција на дистрибуција на вода покажува загрижувачка рамнодушност кон сериозноста на проблемот. Наместо Владата веднаш да обезбеди сеопфатна техничка помош, да воспостави непрекинат надзор над прочистувањето и да гарантира дека секоја фаза од санацијата се спроведува стручно, Мицкоски ја префрла тежината врз локалното јавно претпријатие. Притоа, токму неговото работење и можните пропусти треба да бидат предмет на темелна истрага. Не може истиот субјект чии одлуки се преиспитуваат да биде оставен практично сам да управува со отстранувањето на последиците“.

„Каде е Центарот за управување со кризи во целата состојба? Над илјада заболени лица, сомнение за контаминација на градскиот водовод, забрана за користење на водата и десетици илјади жители изложени на неизвесност очигледно не биле доволни за ЦУК да добие видлива оперативна улога. За какви околности постои оваа институција? Да беше Гостивар управуван од градоначалник на ДПМНЕ, несомнено ќе гледавме министри, директори, механизација и камери на секој чекор. Владата ќе ја претставуваше секоја интервенција како доказ за сопствената ефикасност. Бидејќи локалната власт не е нивна, Мицкоски се ограничува на делење лекции, префрлање на товарот и собирање евтини политички поени врз маката на гостиварци. Кај труење од вакви размери не може да се остане само на морална одговорност како што бара Мицкоски, единствено засенет од можностите на ДПМНЕ и нивните интереси. Нужна е кривична одговорност за сите инволвирани“ е ставот на Левица.

Велат „Повикот на Мицкоски за морал има тежина колку и неговата доследност – никаква. Истата партија што денес бара одговорност од прв до последен, по трагедијата во Кочани со сите сили ги бранеше сопствените функционери. Тогаш не се повикуваа на морал, не бараа оставки од целиот синџир и никако не признаваа вина за институционалниот крах. Секое барање за одговорност го прогласуваа за некрофилија“.

Левица бара неселективна одговорност за Кочани и бара и за Гостивар, затоа што човечкиот живот не ја менува вредноста во зависност од партиската припадност на надлежниот функционер.

Би можело да ве интересира

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје

Исмаил по труењето на над 1.000 гостиварци: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

Левица: Остана уште Мицкоски да се самоизбере за член на Регулаторна комисија за енергетика – ново скандалозно назначување